Дома Фудбал Останато Навивачите го избраа Адеми за најдобар играч во вториот дел од сезоната во Динамо

Навивачите го избраа Адеми за најдобар играч во вториот дел од сезоната во Динамо

Репрезентативецот на Македонија Аријан Адеми е избран за најдобар играч во вториот дел од сезоната во тимот на Динамо Загреб.

Во анкетата која ја спроведе хрватскиот гигант Адеми освои 32% од гласовите на навивачите. Неодамна Динамо стигна до нова титулата во хрватскиот шампионат, а таа беше рекордна за Адеми. Колку многу Адеми направи со Динамо зборува тоа што има повеќе титули од сите останати клубови во хрватското првенство.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Зад Адеми со 31.5% од гласовите се најде Мислав Оршиќ, а на третата позиција заврши Јосип Шутало со 7.1%. До крајот на сезоната Динамо го очекува уште едно големо дерби со Хајдук, меѓутоа овој пат тоа ќе биде без разултатско значење.

Инаку заедно со Адеми и Стефан Ристовски беше еден од најважните фудбалери на „модрите“ оваа сезона, а за тоа зборува и статистиката која ја собраа хрватските аналитичари – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешни фудбалери од Премиер лигата: Влегоа во рингот во бокс меч, погледнете го бруталниот нокаут!

Поранешните фудбалери од Премиер лигата, Педи Кени (47) и Кертис Дејвис (40), го имаа свое…