Дома Трансфер зона Му пропадна трансферот во ПСЖ, сега се сели во Турција

Му пропадна трансферот во ПСЖ, сега се сели во Турција

Хаким Зијех е најголем губитник во јануарскиот преоден рок бидејќи поради технички проблеми му пропадна трансферот во ПСЖ.

Зијех беше во Париз, ги мина лекарските прегледи и се беше спремно за потпис, но поради проблеми со документацијата која ја испрати Челзи, неговиот трансфер пропадна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мароканецот се врати во Лондон, но не сака да ја грее клупата на Челзи до крајот на сезоната, па може да се пресели во Турција.

Во Турција преодниот рок е се уште отворен, а Бешикташ и Фенербахче покажуваат сериозен интерес за него.

Двата клуба го сакаат на позајмица до крајот на сезоната и ќе се обидат да се договорат со Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…