Италијанскиот шампион Милан работи на трансферот на Хаким Зијех од Челзи, пренесува „Газета дело Спорт“.
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.
По добрите настапи на Мундијалот, Милан повторно стапил во контакт со неговиот агент и веќе постигнале договор со Мароканецот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Челзи сега е спремен да го пушти Зијех на позајмица со откуп по завршување на сезоната за 15 милиони евра.