Дома Луд Спорт Му било ветено дека ќе игра во Челзи, а на крајот завршил во – Непал!

Му било ветено дека ќе игра во Челзи, а на крајот завршил во – Непал!

0

Измамите во фудбалот и понатаму не се реткост, иако не се чести како во 90-те.

Младите фудбалери од Африка сонуваат за Европа има и такви кои на сите начини се обидуваат да стигнат до некоја од европските земји.

Таквата нивна желба, измамниците знаат добро да ја искористат, токму тоа го направи еден „менаџер“ од Мали.

На Абубакари Сидибе му било ветено дека ќе игра во Челзи. Потребно било само да плати сума од околу 3.000 евра за која 17 годишниот фудбалер сметал дека брзо ќе ја врати.


Следете го Sportski.mk и на


„Не беше како што очекував. Секогаш кога ќе го побарам ми кажува дека ќе биде се во ред. Нема да биде ништо во ред. Го мразам, ме измами!“, изјави младиот Сидибе кога место во Челзи бил доведен да игра фудбал во Непал, држава на Тибет за која како што кажа самиот никогаш не слушнал.

„Никогаш не сум слушнал за Непал се додека не бев доведен тука. Ова е земја за туристи, а не место на кое можете да дојдете и да заработувате за живот. Повеќе заработував во Мали отколку тука“, зборуваше Сидибе за „Гардијан“.

„И не сум само јас, не има повеќе кои сме измамени. Легнуваме, но не спиеме. Толку сме разочарани, не можеме ниту да јадеме како што треба“, изјави младиот дудбалер.

Иначе, Сидибе престојува во соба од 10-12 квадрати со уште четворица измамени фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ужасни сцени во Австрија: Судијата тешко повреден, мечот прекинат (видео)

Натпреварот од квалификациите за Лига Европа помеѓу Штурм и АЕК Ларнака беше прекинат во в…