Дома Трансфер зона Мурињо: Се надевам дека Меси ќе остане во Барса!

Мурињо: Се надевам дека Меси ќе остане во Барса!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се надева дека Лионел Меси ќе остане во Барселона до крајот на кариерата.

Португалецот не обрнува внимание на тврдењата дека напаѓачот може да си замине од „Камп ноу“ следното лето и тврди дека тоа се само шпекулации.

„Секоја сезона приказната е иста. Весниците секогаш пишуваат дека тој си заминува, но на крајот тоа никогаш не се случува. Искрено, се надевам дека никогаш нема да си замине, бидејќи тој и припаѓа на Барселона и Барселона му припаѓа нему. Природно и убаво нешто би било тој да остане и да ја заврши кариерата во Барселона“, истакна Португалецот.

„Мислам дека ќе остане, но тоа е лично мислење. Апсолутно сигурен сум дека нема да дојде во Манчестер Јунајтед“, додаде Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ѕвездата на Украина пред трансфер во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредни преговори за трансфер на украин…