Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо очигледно сака да ги комплетира поглем дел од трансферите пред почетокот на Светското првенство.
Откако денес официјално беа потврдени трансферите на Фред од Шахтјор и Диго Далот од Порто, следна трансфер цел на „Специјалниот“ е дефанзивецот од Севиља, Клеман Ленгле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Екип“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула за францускиот дефанзивец, која изнесува 35 милиони евра.
Интерес за Ленгле покажуваат уште Барселона и Реал Мадрид, па поради тоа Мурињо брза да го комплетира трансферот.
„Црвените ѓаволи“ се насочија кон ангажман на Ленгле бидејќи имаат потешкотии да го реализираат трансферот на Алдервајлед од Тотенхем.
Manchester United have made a concrete approach for Sevilla defender Clément Lenglet. (Source: L’Équipe) pic.twitter.com/QUSfevnyBG
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 5, 2018