Дома Трансфер зона Мурињо добил „корпа“ од шпанската легенда: Жозе го чекал на состанок тој не се појавил

Мурињо добил „корпа“ од шпанската легенда: Жозе го чекал на состанок тој не се појавил

Легендарниот Шпанец, Хоакин Санчез во интервју за „Дејли Мејл“ откри дека имал можност да премине во Челзи кога тренер на „сините“ беше Жозе Мурињо.

Хоакин е вистинска легенда на шпанскиот фудбал и со 39 години се уште игра фудбал на високо ниво во Реал Бетис. Во 2005 година тој имал можност да го напушти Бетис и да се пресели во Челзи, но тој не се појавил состанокот со Мурињо, па така и трансферот пропаднал.

„Тие беа во хотел, јас само што се вратив од Мадрид каде што снимав реклама. Знаев дека ако отидам на тој состанок ќе направам трансфер во Англија, затоа одлучил да не се појавам. Подоцна имав прилика да разговарам со Жозе и му се извинив, а тој ми кажа дека јас сум првиот играч кој го одбил“, изјави Хоакин.

Хоакин потоа направи трансфер во Валенсија, па играше за Малага и Фиорентиа пред повторно да се врати во Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер не се откажува од Канте

Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа …