Викендов на програмата е големото дерби во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал, што ќе биде уште една голема пресметка помеѓу Мурињо и Венгер.
Познато е големото ривалство и антипатија помеѓу Мурињо и Венгер, па „Специјалниот“ не пропушти прилика да го „пецне“ својот колега пред дербито.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Утре ќе биде дуел помеѓу два тренери со најдобри резултати. Двајцата заедно имаме шест или седум титули. Сепак, мислам дека господинот Венгер ја има вашата почит и кога нема добри резултати, а јас не. Мојата последна титула е пред 18 месеци, не пред 18 години“, им се обрати Мурињо на новинарите.
„Јас овде сакам да ја освојам мојата 9-та титула, четврта во Премиер лигата. Освојував титули со четири различни клуба и заслужувам почит. Некои немаат титула долги години, па повеќе ги почитувате“, додаде „Специјалниот“ алудирајќи на Венгер кој во минатото го нарече „специјалист за неуспех“.
На крајот Мурињо беше запрашан за скандалот во кој се најде капитенот Вејн Руни.
„Ништо не се случи изминативе два-три дена. Руни тренираше како и сите останати, тој сака да игра утре како и сите други. Тој е подготвен за игра и размислува само на тоа. Она што се случи во националниот тим, се случи во националниот тим, јас не го коментирам тоа и не ме интересира“, одговори Португалецот.