Дома Фудбал Англија Мурињо го избрка од поранешниот клуб, а сега сака да ја продолжи соработката со него

Мурињо го избрка од поранешниот клуб, а сега сака да ја продолжи соработката со него

Еден од приоритетите на Жозе Мурињо е продолжување на соработката со Хуан Мата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанецот кој со Португалецот се соработуваше и во Челзи и сега во Јунајтед, сака пред се повеќе минути во тимот од Манчестер, пред да стави потпис на новиот договор – во моментов по просек игра околу 60 минути по натпревар.

Играчот за врска на шпанската репрезентација дојде во Јунајтед од Челзи во јануари 2014. година за вкупна сума од 45 милиони евра. Интересно е тоа што Мурињо тогаш го водеше Челзи и може да се каже дека не имаше најдобар однос со својот играч.

Ситуацијата околу продолжување на договорот ја следат Арсенал и Валенсија, поранешниот клуб на Мата кој се надева дека во јануари ќе може да започне преговори со Шпанецот, бидејќи тој тогаш ќе биде слободен да договори соработка со било кој клуб, бидејќи договорот му истекува следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Цените не биле толку скапи за сите: ФИФА добила над 500 милиони барања за билети за Мундијалот!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, соопшти дека побарувачката за билети за Светското п…