Тимот на Тотенхем денес прилично лесно дојде до победа против Лидс во рамките од 17. коло во Премиер лигата.
Лидс како и секогаш тргна офанзивно и во овој дуел и на самиот старт создаде неколку добри прилики. Прв се закани Алиоски кој шутираше во надворешниот дел од мрежата. Меѓутоа во 29. минута голманот на Лидс погреши со едно додавање, а во продолжение од акцијата Алиоски направи пенал. Пеналот во гол го претвори Хари Кејн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во финишот од првото полувреме Тотенхем преку Сон стигна и до предност од 2:0. Кејн овој пат беше во улога на асистент. Конечните 3:0 ги постави Тоби Алдервилд после пет минути во вториот дел. Единствено нешто поради што Мурињо може да биде незадоволен е сосема непотребниот остар старт на Доверти во последните секунди поради кој заработи втор жолт картон.
Алиоски на теренот беше до 64. минута. Тотенхем со овој триумф дојде до третата позиција со 29 освоени бодови, четири помалку од Ливерпул и Манчестер Јунајтед. По 29 бода имаат уште Лестер и Евертон.