Мурињо сака во зимскиот преоден рок да ја засили левата бековска позиција, а примарна цел е играчот на Јувентус, Алекс Сандро.
Манчестер Јунајтед е спремен да и предложи размена на „старата дама“ и во зделката да го вклучи Хенрих Михтарјан, кој повеќе не е потребен на „Олд Трафорд“.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според „Сан“ Јувентус е спремен да го пушти Бразилецот, но за возврат бара друг фудбалери и одредена сума на пари. Тренерот на Јувентус, Алегри сака да го добие Дени Блинд како дел од трампата.
Челзи исто така силно го посакува Сандро, но „Сан“ тврди дека Манчестер Јунајтед е во предност токму поради фактот што може да го предложи Блинд како дел од трансферот.
Покрај Холанѓанецот „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат околу 40 милиони евра за потписот на Бразилецот.