Како што пишува „Мундо Депортиво“ Барселона го договорила трансферот на Клемент Леглет од Севиља!
Според информациите на шпанскиот медиум, Ленглет ќе потпише договор на пет години, а Барселона за него ќе плати сума од 35 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку овој трансфер биде реализиран Севиља на Ленглет ќе заработи дури 30 милиони евра за само една сезона, со оглед на тоа што на Нанси минатата година му плати пет милиони евра.
Леглет би требало да го реши најголемиот проблем на Барселона – одбраната и да ја засили конкуренцијата покрај Жерар Пике и Самуел Умтити. Каталонците во 22 годишниот фудбалер гледаат замена за долги патеки за веќе 33 годишниот Томас Вермален.