Дома Трансфер зона Мундо Депортиво: Руиз и Вилијан одбиваат да потпишат нови договори, а причината е јасна

Мундо Депортиво: Руиз и Вилијан одбиваат да потпишат нови договори, а причината е јасна

Барселона сака да се засили во зимскиот преоден рок па така неколку имиња се споменуваат во овој контекст.

Фабијан Руиз од Наполи и Вилијан од Челси веќе некое време се на радарот на каталонскиот клуб кој сега доби и дополнително ветар во грб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Каталонците го имаат Руиз како мета во јануари, а исто така заинтересирани да го доведат во своите редови се уште Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Сепак, Мундо Депортиво пишува дека Барселона може да почека до лето за трансферите на Руиз и Вилијан бидејќи и двајцата немаат намера да потпишат нови договори со своите клубови и чекаат понуда од Каталонците.

На Вилијан договорот му истекува на лето, па Барса веќе во јануари може да преговара со него за во јули да стигне на Камп Ноу како слободен играч.

Од друга страна, шефот на Наполи, Де Лаурентис, сака Руиз да потпише договор до 2023. година во кој би имал откупна клазула од 90 милиони евра. Со оглед на хаотичната ситуација во последниот период во Наполи, најверојатно до договор нема да дојде, а Барселона чека подготвено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн се договори со Николас Џексон

Баерн Минхен постигна договор со напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, јавува “Билд…