Дома Останати Тенис Монфис го предаде мечот Надал се пласираше во финалето

Монфис го предаде мечот Надал се пласираше во финалето

0

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра во финалето на Роџерс купот откако Гаел Монфис му го предаде мечот.

Монфис го повреди зглобот и беше приморан да го предаде мечот на Надал, па Шпанецот без борба се пласираше во финалето во Монтреал.

Во четвртфиналето Монфис имаше еден тежок меч против Роберто Баутиста Агут кој мораше да биде прекинат поради дожд, а кога продолжи Французинот славеше со резултат 6:4, 3:6, 7:6 (7:2).

Надал во финалето ќе игра против Русинот Медведев кој беше подобар од Карен Качанов со 6:1, 7:6.

Финалето се игра вечерва од 22:00 часот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Јанко Типсаревиќ кажа крај: Нема да напишам говор после кој сите ќе плачете

Jaнко Типсаревиќ донесе важна животна одлука. Еден од најдобрите српски тенисери на сите в…