Дома Фудбал Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот француски репрезентативец Пол Погба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба (33) пристигна во Монако во јуни 2025 година и имаше договор до следната година. Минатата сезона, поради проблеми со повреди, одигра само 105 минути за Монако во шест натпревари.

– Би сакал да му се заблагодарам на претседателот и управата на клубот, на соиграчите, на членовите на стручниот штаб и на секој навивач кој веруваше во мене. Претставувањето на овој клуб и кнежевината беше неверојатно искуство. Монако е неверојатен клуб и, иако не одиграв толку натпревари колку што се надевав, секогаш ќе бидам благодарен за можноста да ги носам нивните бои, изјави Погба, пренесе сајтот на клубот.

Во својата кариера, Погба играше за Јувентус и Манчестер јунајтед, а беше суспендиран скоро две години. Со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство 2018 година во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи избира меѓу три напаѓачи од Премиер лигата

Наполи има намера до крајот на преодниот рок да донесе уште еден квалитетен напаѓач. Итали…