Дома Фудбал Италија Монтела: Загубата на Монтоливо е ненадоместлива!

Монтела: Загубата на Монтоливо е ненадоместлива!

Винченцо Монтела добро ја започна авантурата во Милан и со „росонерите“ има добар старт на сезоната со оглед на квалитетот на тимот со кој располага.

Меѓутоа, голем удар за „росонерите“ ќе биде загубата на Монтоливо, кој според Монтела е незаменлив во тимот на Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Монтоливо е незаменлив во нашиот тим. Тој е наш капитен и многу е важен и на теренот и во соблекувалата. Неговота повреда не направи тажни сите, бидејќи беше во одлична форма и еден од најважните играчи во тимот“, истакна Монтела.

„Во тимот немаме друг фудбалер со такви карактеристики, па ќе мора да донесеме негова замена во јануари. Имам голема доверба во Локатели, но тој е премногу млад и не сака да ставам голем притисок врз него“, додаде Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го насочи вниманието кон дефанзивецот на Манчестер Сити

Раководството на Барселона го истакна засилувањето на одбраната како главен приоритет за п…