Дома Фудбал Италија Монтела: Го гледам сопствениот погреб!

Монтела: Го гледам сопствениот погреб!

Кризата на Милан продолжи и против АЕК во Лига Европа, па притисокот кон Винченцо Монтела додатно се зголеми и медиумите се почесто пишуваат за неговиот отказ.

Иако со ремито во Атина „росонерите“ останаа на правата позиција во групата, сепак загрижува слабата игра и малкуте шанси кои ги создаваат избраниците на Монтела.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Тимот има квалитет, а фудбалерите се амбициозни и работат добро, а тоа е најважното. Пред неколку недели создававме повеќе шанси, но во одбрана правевме повеќе грешки. Во второто полувреме бевме подобри и можевме да победиме. Играчите се бореа до крај и тоа ми се допаѓа“, изјави Монтела.

Италијанските медиуми се сигурни дека мечот со Сасуоло може да биде последен за Монтела доколку Милан не успее да победи.

„Што се однесува за мојот отказ, веќе се навикнав од страна да го гледам сопствениот погреб пред секој натпревар. Најважно за мене е дека раководството има доверба во мојата работа“, заклучи италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …