Дома Останати Ракомет Можен скандал на СП: Словенците биле затруени пред дуелот со Египет?!

Можен скандал на СП: Словенците биле затруени пред дуелот со Египет?!

Со ремито против домаќинот Египет (25:25) Словенија остана без настап во четвртфиналето на Светското првенство.

На Словенците им беше потребна победа со Египет. Одлично го отворија натпреварот имаа предност и од пет гола, но домаќините успеаа да се вратат и на крај да освојат бод кој им донесе пласман помеѓу најдобрите осум селекции во светот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Разбирливо во словенечкиот табор беа разочарани, освен тоа тие имаа приговор за судењето, а им било и сомнително тоа што се случувало на денот на натпреварот и ден пред тоа.

„Би кажал многу работи, но знам дека не можам, па ќе премолчам. Дадовме се од себе, не уништија нашите, но и туѓите глупости. Пола екипа ни беше во ВЦ на денот на натпреварот и ден пред тоа. Тројца не можеа да играат и цело време некој повраќаше“, истакна капитенот на Словенците Јуре Доленец.

Сличен коментар имаше и селекторот Љубомир Врањеш.

„Во ваква ситуација одигравме да се одигра ваков натпревар е навистина тешко. Имавме осум играчи со здравствени проблеми. Изгубивме еден натпревар на турнирот, но сепак на крајот испаѓаме“, изјави Врањеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…