Дома Фудбал Останато Модриќ ја освои наградата, но за Ето ова е најдобриот играч

Модриќ ја освои наградата, но за Ето ова е најдобриот играч

Легендарниот камерунски фудбалер, Самуел Ето го коментраше изборот за најдобар фудбалер на годината кој беше одржан во Лондон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наградата, како што веќе знаете ја доби Лука Модриќ, кој во борбата за ова големо признание славеше пред Роналдо и Салах. Со тоа Хрватот ја прекина долгогодишната доминација на Роналдо и Меси. Некои ќе речат заслужено, но еден од оние кои не мислат така е Самуел Ето.

Камерунецот му честиташе на Модриќ за наградата, но изјави дека за него и понатаму најдобар светски фудбалер е Меси.

„Му честитаме на Модриќ, но и покрај таа награда, за мене не е најдобар. Во моите очи најдобар и понатаму останува Лео Меси. Вкусовите се различни, секој има право на свој избор и сите тие се големи играчи, но Меси е еден“, јасен беше Ето.

Инаку, Лео Меси во овој избор на крајот го завзеде петото место, а пред него беше и Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА направи голема промена со картоните за Светското првенство

Иако на воведниот натпревар во четвртокот беа покажани дури три црвени картони, шансите да…