Дома Фудбал Останато Модриќ откри со кој фудбалер никогаш нема да игра

Модриќ откри со кој фудбалер никогаш нема да игра

0
modric

Лука Модриќ, искусниот играч кој оваа година му помогна на Реал да стигне до третата последователна титула во Лигата на Шампионите, кој својата репрезентација ја водеше до финалето на Светското првенство во Русија, кој неодамна ја освои престижната награда за најдобар играч, кој би можел да ја освои Златната топка отворено зборуваше за Меси и Роналдо.

Поранешниот играч на Тотенхем и Динамо Загреб со суперлативи зборуваше за Роналдо:

„Поминавме шест прекрасни години во Мадрид, за тоа време изградивме големо пријателство и меѓусебно почитување. Тој го напушти Мадрид, но ние и понатаму сме во контакт“, изјави Модриќ.

Кога станува збор за најголемиот ривал на Кристиано Роналдо, Лео Меси, Модриќ кажа неколку зборови:


Следете го Sportski.mk и на


„Јас играм против него, не со него. Јасно е дека Меси е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, но ние никогаш нема да играме заедно“.

На крајот, хрватскиот играч за врска коментираше и за состојбата во Реал, како и за тоа дека Лопетеги има неколку натпревари до големото „Ел Класико“ и дека се надева дека ќе покаже дека е вистинскиот човек за оваа работа.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: Легендите на Ливерпул и Милан играа на „Енфилд“, Жерард и Пирло како во најдобрите денови!

Денес на „Енфилд“ беше одигран хуманитарен натпревар помеѓу легендите на двата европски ги…