Дома Фудбал Останато Модриќ за „Франс Фудбал“ ги пофали Роналдо и Мбапе, откри и кој би сакал да му биде соиграч

Модриќ за „Франс Фудбал“ ги пофали Роналдо и Мбапе, откри и кој би сакал да му биде соиграч

0

Лука Модриќ во интервјуто за „Франс Фудбал“ зборуваше за неговиот поранешен соиграч Кристиано Роналдо, Килијан Мбапе, Зинедин Зидан…

Иако експертите го сметаат за еден од најдобрите играчи за врска во светот, Лука Модриќ дури оваа година го достигна врвот на кариерата, откако со Хрватска го освои среброто на Мундијалот во Русија.

Модриќ кој потоа беше прогласен за најдобар и од страна на УЕФА и ФИФА сега даде интевју за „Франс Фудбал“. Иако истото ќе биде објавено утре, во медиумите веќе започнаа да излегуваат кратки извадоци.

Во еден од нив Модриќ зборува за Роналдо, Мбапе и Зидан.

„Кога би можел да бирам кој да ми биде соиграч, би го избрал Зиндин Зидан“, гласеше одговорот на Модриќ за неговиот поранешен тренер во Реал.

Потоа ги пофали Кристиано Роналдо и Мбапе.

„Кристиано Роналдо е над сите, а Мбапе уште многу ќе напредува“, изјави Хрватот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тоа е таа елеганција: Зидан покажа дека уште има магија во нозете (ВИДЕО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан ужива во деновите од одморот пред напорната сезона која …