Дома Македонски спорт Младата спортистка на годината за Спортски: Секогаш се замислував како добар борец

Младата спортистка на годината за Спортски: Секогаш се замислував како добар борец

По повод големиот успех за еден млад спортист, тимот на Спортски.мк направи едно кратко интервју со девојката која беше избрана за најдобра млада спортистка, каратистката Симона Симовска.

Во продолжение ви го претставуваме комплетното интервју…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Од каде љубовта кон каратето?

Љубовта кон каратето произлезе од тоа што како малечка, многу сакав да гледам филмови со боречки вештини и секогаш се замислував како добар борец, па затоа се одлучив за каратето.

Од кога почна да се занимаваш со овој спорт?

Со овој спорт се занимавам од моите шест години, на почетокот тоа беше рекреативно, но потоа започнав да навлегувам се посериозно.

Кој е твојот прв успех?

Мојот прв успех беше прво место во категоријата пионерки, а потоа почнав да освојувам уште многу такви успеси.

На кој медал или признание е си најмногу горда?

Многу сум горда на сите мои успеси,и се надевам дека во иднина ќе имам уште поголеми успеси, како на Балкански, Европски, Светски Првенства, па дури и учество на Олимписките Игри.

Дали и е тешко да воспостави баланс помеѓу учењето, спортот и приватниот живот?

Секогаш се обидувам да најдам време помеѓу учењето, спортот и приватниот живот, но сепак повеќе внимание обрнувам на секојдневните тренинзи.

Какви се твоите амбиции во иднина?

Признанието за млада спортистка на годината на Република Македонија ми е од многу големо значење. Целиот труд,големата работа,желбата,секогаш треба да се исплатат. Ова ми е голем поттик за поголема работа и поголеми успеси во иднина и се надевам дека ќе остварам се поголеми резултати, исто така се надевам на добар резултат и од Европското Првенство во Русија, Сочи кое ќе се одржи во 2018, Февруари.

За сето ова се заслужни и моите тренери Живорад и Сребра, кои секогаш беа зад мене и ме поддржуваа во се и би сакала од срце да им се заблагодарам, исто така сакам да се заблагодарам за големата поддршка и на моето семејство и на моите пријатели.

Колку спортот ти помогна во изградба на карактерот?

Спортот влијае многу во изградба на карактерот, пред се не прави посериозни личности, прави да се чуствуваме горди на себе и секогаш ни претставува поттик за тоа дека никогаш не треба да се откажеме од нашите цели.

За крај, дали го следите „Спортски.мк“?

Да, го следам често, можам да забелжам и да истакнам голема благодарност до вас што секогаш ги следите успесите на македонските каратисти како во нашата држава, така и надвор од границите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …