Филип Миркуловски во Вецлар од наредната година ќе има нова улога.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Миркуловски идната сезона ќе биде помошник тренер, а по потреба и играч на Вецлар. По првата година од договорот, во наредната, сезоната 2021/2022 Миркуловски ќе биде само дел од стручниот штаб.
Неодамна Миркуловски го продолжи договорот на две години, а сега ќе ја учи и тренерската работа во Германија.
Во овој момент Миркуловски е во Македонија и во Германија ќе се врати на 16. јули кога ќе ги почне подготовките за новата сезона.