Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига, по која фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби беше ослободен од обвинението за расна навреда на играчот на Наполи, Хуан Жесус.
Во разговор со новинарите во Рим, Абоди истакна дека се надева дека „совеста на Ачерби е чиста“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се надевам дека оние кои судеа ги имаа сите корисни информации и дека Ачерби има чиста совест. Го разбирам бесот, почнувајќи од Жесус, но верувам дека е потребен заеднички напор за да се справиме со проблемот со кој не можеме да се бориме ако не сме обединети. Мораме да бидеме обединети“, изјави Абоди, пренесе Газета.
Спортскиот суд на италијанската лига во вторникот пресуди дека нема доволно докази дека навредата што Ачерби ја упати кон Хесус е расистичка.
Наводниот инцидент се случил на натпреварот помеѓу Интер и Наполи на 17 март. Натпреварот беше прекинат околу 90 секунди кога Жесус му кажа на судијата дека Ачерби го навредувал на расна основа. Фудбалерот на Наполи изјави дека Ачерби прво му се извинил, но Ачерби подоцна негираше дека навредата била на расна основа.
„Фудбалот е систем на кој му треба хармонија и кога има различни позиции. Ако нема заеднички интерес, целиот систем ќе пропадне. Тоа не е поврзано само со финансиски проблеми, туку и со кредибилитетот“, рече министерот.