Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Не ги коментирам пеналите, задоволен сум од играта

Милевски: Не ги коментирам пеналите, задоволен сум од играта

Селекторот Благоја Милевски не сакаше да коментира за судењето, иако беше очигледно дека Чешка победи со два сомнителни пенали.

„Не би сакал да ги коментирам пеналите. Тоа е работа на судиите и на ВАР. околу моите впечатоци од мечот, честитки за моите момци, посебно за второто полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни недостига малку поголема самодовербата со топката во нога“.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


„Играта на Чешка се базира на трка и на сила и на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како го направивме тоа, но кога ја имавме топката, требаше да бидеме малку похрабри“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Брера се засили со напаѓач од Франција!

Eкипата на Брера потпиша договор со францускиот фудбалер Џибрил Дианиси кој во својата игр…