
Од денеска Благоја Милевски и официјално веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, бидејќи неговиот договор и формално истече, а од ФФМ потврдија дека нема да биде продолжен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во својата селекторска ера Милевски ја водеше репрезентацијата на 48 натпревари, остварувајќи биланс од 18 победи, 14 ремија и 16 порази.
„Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната посветена работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера“, стои во објавата на ФФМ на социјалните мрежи.
Под негово водство Македонија стигна до два мундијалски баражи, а во претходниот игравме финале со Португалија, откако претходно сензационално ја елиминиравме Италија.
Сепак, покрај успесите, зад Милевски ќе останат и двата наши најтешки порази порази од Англија (7-0) и неодамнешната катастрофа од Велс (7-1) во квалификациите за Мундијалот.