Дома Останати Кошарка НБА Милвоки во одличен натпревар славеше против Бруклин и намали на 2:1

Милвоки во одличен натпревар славеше против Бруклин и намали на 2:1

Кошаркарите на Милвоки успеаа во одличен натпревар да го победат Бруклин со 86:83 и така да намалат на 2:1 во серијата.

Нетси во првите два натпревари беа одлични и без проблеми славеа со 2:0 и изгледаше дека ќе имаат лесна работа со Бакси. Меѓутоа Милвоки се разбудија и вчера успеаа да слават.

Домаќините фантастично го отворија мечот и после првата четвртина водеа со 30:11. Меѓутоа, Нетси успеаа да се вратат во втората четвртина, а на полувреме се замина со 45:43 за домаќините.Во продолжение гледавме еден изедначен натпревар. Многумина очекуваа двата тима да бидат поефикасни, но тоа беше случај.

До победата Милвоки беше предводен од Миделтон со 35 поени и 15 скокови, додека Антетокумпо додаде 33 поени и 14 скокови. Кај Нетси се истакна Дурант со 30 поени, 11 скокови и пет асистенции.

Во вториот натпревар изминатата ноќ играа Јута и Клиперси. На крјот победа запишаа кошаркарите на Јута кои поведоа со 2:0 во оваа серија. Јута до победата беше предводена од Мичел со 37 поени, четири асистенции и три скока, додека во противничкиот тим најефикасен беше Џексон со 29 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…