Јанис Адетокумпо би можел да биде „бомба“ на летово во НБА лигата. Тоа што е дефинитивно е дека тој ќе ја заврши оваа сезона во Милвоки, но останува неизвесно каде ќе ја продолжи својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јанис беше играч на неделата на Истокот во НБА лигата, а од голем број фактори ќе зависи дали ќе остане. Еден од тие фактори би можел да биде и надворешниот, а тоа е интересот на Голден Стејт Вориорс.
Како што пренесе „ЕСПН“, Голден Стејт внимателно ја следи ситуацијата и покрај финансиските тешкотии, сакаат уште една суперѕвезда во тимот.
Стеф Кари веќе е во тимот и заработува неверојатни 56 милиони долари годишно, додека Адетокумпо е на 49 милиони долари и две вакви суперѕвезди би барале и откажување од некои играчи со висок квалитет.
Оваа сезона Јанис има 31.5 поени по натпревар, како и 12 скока и 6 асистенции.