Дома Фудбал Останато Милан ја губи трката за младиот Бразилец, големата фудбалска ѕвезда го повика во својот тим!

Милан ја губи трката за младиот Бразилец, големата фудбалска ѕвезда го повика во својот тим!

Младиот играч за врска на Фламенго најверојатно брзо ќе ја промени средината и ќе се пресели во Европа, а сигурно дека тоа ќе биде некој голем клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Лукас Пакет импресионираше голем број на клубови од Европа, па во јануари ќе има трка за неговиот потпис. Милан го испрати Кака да скаутира и да се обиде да го убеди да се пресели во овој италијански клуб, меѓутоа во игра влезе и ПСЖ, а тешко дека „Росонерите“ ќе успеат да му парираат на клубот од Париз кога се финансиите во прашање.

Она што дополително го „влече“ овој играч во Париз е бразилската суперѕвезда, Нејмар. Тој лично испрати барање до францускиот клуб да го доведе овој млад играч. Пакет дебитираше за Фламенго 2016. година, а успеа да забележи дури 80 настапи и да постигне 14 гола за овој тим во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Дејли Мејл“: Натпреварот помеѓу Хрватска и Англија би можел дополнително да ја засрами ФИФА

Англија се соочува со непријатност поради полупразни трибини на отворањето на Светското пр…