Дома Трансфер зона Милан тргнува по напаѓач од ПСЖ

Милан тргнува по напаѓач од ПСЖ

Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на ПСЖ и француски репрезентативец Хуго Екитике, пренесуваат италијанските медиуми.

ПСЖ минатото лето за 30 милиони евра го доведе Екитике од Ремс, бидејќи напаѓачот важи за еден од најголемите француски таленти.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Меѓутоа, Екитике не може да се избори за голема минутажа во Париз, па е спремен да ја промени средината.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива за Жиру.

„Росонерите“ ќе се обидат да го доведат Екитике на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…