Дома Трансфер зона Милан после Ориги договорил и напаѓач од Клуб Бриж

Милан после Ориги договорил и напаѓач од Клуб Бриж

Eкипата на Милан откако ја освои шампионската титула во Серија А работи на трансфер пазарот и засилувањата за следната сезона.

Првото засилување ќе биде Дивок Ориги од Ливерпул, меѓутоа „Газета дело Спорт“ пренесува и дека Милан договорил напаѓач од Клуб Бриж. Во прашање е Ноа Ланг кој на „Сан Сиро“ ќе се пресели за сума од 22 милиони евра

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ланг има 22 година и веќе зад себе има три настапи за репрезентацијата на Холандија. Потекнува од академијата на Ајакас кадеш то не доби премногу минутажа, но затоа се докажа во белгискиот клуб.

Холанѓанецот игра на позицијата лево крило каде што во овој момент во Милан е Рафаел Леао, меѓутоа тој може добро да се снаоѓа и на десната страна. Пиоли во тимот сака играчи кои ќе може да ги користи на повеќе позиции.

Минатата сезона во белгиската лига Ланг одигра 31 натпревар, постигна седум голови и подели 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…