Дома Актуелно Милан кешира 60 милиони за двете ѕвезди на Сампдорија

Милан кешира 60 милиони за двете ѕвезди на Сампдорија

0

Италијанскиот гигант Милан новата сезона ќе ја започне со нов тренер, па се очекуваат големи промени во тимот.

„Росонерите“ денес договорија ново засилување, од Реал Мадрид доаѓа левиот бек Тео Хернандез за 20 милиони евра, но тоа се само почеток.

Новиот тренер од Милан, Џампаоло побарал да му бидат донесени двајца фудбалери, кои се етаблираа под негово водство во Сампдорија. Станува збор за дефанзивецот Јоаким Андерсен и играчот за врска Денис Прет.

Андерсен е 23-годишен дански репрезентативец кој одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Арсенал и Тотенхем.

Прет е 24-годишен играч за врска кој е приоритет за тренерот Џампаоло и наводно веќе има договор со миланскиот гигант.

Сампдорија за двајцата фудбалери бара помеѓу 55 и 60 милиони евра, а наскоро се очекува да започнат преговорите помеѓу двата клуба.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ковач: На трансферот на Кутињо не треба да се радуваат само навивачите на Баерн

Баерн вчера го потврди трансферот на Фелипе Кутињо кој доаѓа од Барселона едногодишна поза…