Дома Трансфер зона Милан и Јувентус сакаат да го вратат Де Паул во Италија

Милан и Јувентус сакаат да го вратат Де Паул во Италија

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ за неговиот потпис на Удинезе му платија 35 милиони евра и Аргентинецот се очекуваше да биде големо засилување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа Де Паул не се снајде баш најдобро во Мадрид, нема голема минутажа и би можел веќе во јануари да се врати во Серија А.

Имено, Милан и Јувентус се силно заинтересирани за Аргентинецот и сакаат да го донесат во своите редови.

Италијанските клубови веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а самиот фудбалер е отворен за враќање во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…