Дома Топ вести Милан и Ориги се договорија, потпис следната недела

Милан и Ориги се договорија, потпис следната недела

Тоа што се најавуваше минатата недела, сега доби потврда од сите релевантни медиуми во Италија, Дивок Ориги кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ориги на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул како слободен агент, а пред неколку недели започна преговори со италијанскиот гигант Милан.

„Росонерите“ се во потрага по напаѓач за следната сезона, а тренерот Пиоли дал зелено светло за ангажман на Белгиецот.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор за 4-годишна соработка, а Ориги следната недела ќе стави потпис на договорот и на „Сан Сиро“ ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…