Дома Фудбал Останато Милан има „дупка“ во одбраната, а сега им се нуди напаѓач – дали ќе прифатат?

Милан има „дупка“ во одбраната, а сега им се нуди напаѓач – дали ќе прифатат?

Милан се наоѓа во големи проблеми и покрај триумфот над Сампдорија минатиот викенд.

Матија Калдара се повреди и ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на годината, па Леонардо мораше да бара нов играч. Во меѓувреме „излезе“ потенцијално решение во офанзивниот дел од екипата, поточно во самиот врв на нападот.

„Corriere dello Sport“ тврди дека напаѓачот на Сасуоло, Алесандро Матри му кажал на директорот на клубот дека сака да се врати на „Сан Сиро“. Милан нема проблем во нападот, тука се Игуаин и Кутроне, а Матри самиот рекол дека се согласил да биде третата опција за да ја заврши кариерата таму каде и што ја започна – во Милан.

Гатузо ги спои двата напаѓача, па не би било возможно повторно да го видиме 34-годишниот напаѓач во Милан како нивна алтернатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…