Мино Раиола повторно го отвори фронтот…
Влијателниот менаџер револитран од наводно (исфрлената откупна клазула во новиот договор, доколку е тоа точно) се закани дека можеби веќе во зимата Донарума ќе го напушти „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот голман веројатно по притисок од својот агент испрати писмо до клубот во кое се жали за наводната психолошка торутра, самиот Раиола сака поништување на договорот бидејќи смета дека е измамен, меѓутоа челниците на седумкратниот шампион на Европа не сакаат да слушнат за таква опција.
Тие убедуваат дека Донарума останува, дури и декан е се финансиски загрозени за да мораат да продаваат.
„Не мораме никого да продаваме. Ако некој сака да си замине мора прво да ни каже. Во тој случај потребно е да бидат испочитувани интересите на клубот. Донарума е одлично момче и никогаш не изразил желба да не напушти“, изјави спортскиот директор Масимо Мирабели.
Сето тоа се случи после натпреварот во купот на Италија во кој „росонерите“ славеа со 3:0, но случувањата на теренот останаа во сенка на она што се случуваше на трибините. Фановите истакнаа трансапарент преку кој бараат Донарума да го напушти Милан.
Самиот Донарума остана очаен, а на полувремето доби и утеха од капитенот на тимот Леонардо Бонучи.
„Можам само да кажам дека тренирам голем професионалец и спортист. Мене не ме известил дека сака да замине. Не зборувам со Раиола од проста причина што со Донарума зборувам секој ден. Не знам дали неговиот менаџер го убедува да замине. Ужасно се чуствувам, бидејќи едно дете се прикажува како чудовиште, а тоа сигурно не го заслужи. За среќа на трибините имаше само 9.000 навивачи. Замислете како би се чуствувал кога на трибините би имало 50.000 луѓе“, изјави Гатузо.