Дома Фудбал АС: Ова е потресно. Погледнете го Винисиус откако Симеоне му рече дека е отпишан

АС: Ова е потресно. Погледнете го Винисиус откако Симеоне му рече дека е отпишан

РЕАЛ го совлада Атлетико со 2:1 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кој се играше во Саудиска Арабија. Вниманието на ова градски дерби го привлече вербалната конфронтација помеѓу ѕвездата на Реал и тренерот на Атлетико.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Атлетико изјавуваат дека конфликтот го започнал Винисиус со провокации упатени кон Симеоне и клупата на Атлетико, откако Бразилецот побара пенал по еден дуел. Според нив, Винисиус се обратил кон клупата на Атлетико со зборови кои ги разбесниле неговите противници: “Смирено, ќе досудат пенал”, рекол Винисиус, тврдат од Атлетико.

Во тој момент, Симеоне ги повикал играчите да продолжат со играта, но среде дискусијата изговорил зборови за иднината на Винисиус кои камерите ги забележале: “Флорентино (Перез, претседател на Реал, забелешка на уредникот) ќе те отстрани. Запомни го тоа.”

АС: Сцена која трогнува

Конфликтот се продолжи во второто полувреме при замената на Винисиус во 81-та минута. Симеоне му се обрати уште еднаш, нагласувајќи дека свирежите од трибините се наменети за него. Винисиус бурно реагираше, што предизвика расправа помеѓу клупите. Во конфликтот се вклучи и тренерот на Реал, Чаби Алонсо, кој го навредуваше Симеоне.

АС објави видео снимка направена откако Винисиус седнал на клупата и ја опишаа вака: “Протече снимка на Винисиус по конфликтот со Симеоне и видеото е потресно. Се гледа како неговите соиграчи го утешуваат, додека е видливо вознемирен. Винисиус е свесен дека е далеку од неговата најдобра форма.” На снимката може да се види како Рудигер го теши и прегрнува Винисиус, по што Бразилецот ја закопува главата во дланките. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …