Дома Фудбал Ѕвезда на Ливерпул на патерици, го чека долга пауза (Видео)

Ѕвезда на Ливерпул на патерици, го чека долга пауза (Видео)

Англиското дерби меѓу Арсенал и Ливерпул заврши без голови и речиси ништо не понуди, додека гостите останаа без важен играч пред продолжението на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сцената која ги згрозила навивачите и експертите се случи во завршните минути од натпреварот на Емирејтс.

Конор Брадли по незгодниот доскок легна на тревата држејќи се за коленото, но наместо играта да застане, напаѓачот на Арсенал Габриел Мартинели, во жарот на борбата, најпрво ја фрли топката кон повредениот дефанзивец, а потоа физички се обиде да го истурка од теренот, сметајќи дека Ирецот намерно одолжувал време.

Брадли го напушти стадионот на патерици, со специјална поддршка околу коленото, што укажува дека би можел да отсуствува подолго време додека не се добијат потврди од медицинските прегледи и скенирања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…