Дома Останати Ракомет Реми со Швајцарија – Македонија без пораз патува во Данска!

Реми со Швајцарија – Македонија без пораз патува во Данска!

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29-29 против Швајцарија и на тој начин без пораз го заокружи настапот на подготвителниот турнир пред Европското првенство. Поради послабата гол-разлика, нашата селекција го освои второто место на турнирот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарците во поголемиот дел од натпреварот ја имаа иницијативата и ја контролираа играта, не дозволувајќи Македонија целосно да се врати во резултатска рамнотежа. На полувреме имаа солидна предност од 18-13, а секој обид на нашите ракометари да се приближат на два или три гола беше навремено неутрализиран. Сепак, сликата на теренот се промени во завршните десет минути.

По една интервенција на ТомовскиЏонов реализираше за израмнување 26-26. Македонија доби можност и за водство, но Серафимов не успеа да ја искористи шансата, но набрзо Ненад Костески се погрижи за предност од 27-26 за Македонија.

Во драматичната завршница двете репрезентации имаа свои моменти за победа, а конечниот резултат го постави Марко Митев, кој погоди за 29-29 на само 15 секунди пред крајот на натпреварот.

Македонија турнирот го завршува со две победи, против Украина и Бахреин, и едно реми, оставајќи позитивен впечаток пред најголемиот предизвик.

За избраниците на Кирил Лазаров, ова беше последна проверка пред почетокот на Европското првенство, кое Македонија го отвора на 16 јануари со натпревар против домаќинот Данска, а во групата уште се Романија и Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…