Дома Останати Ракомет ЕХФ ги избриша Начевски и Николов од ЕП 2026

ЕХФ ги избриша Начевски и Николов од ЕП 2026

Европската ракометна федерација (ЕХФ) покрена постапка против двајцата судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски поради сомнежи за манипулација со видео-снимки доставени пред почетокот на ЕХФ ЕУРО.

„Процедурата е дел од стандардниот процес со кој ЕХФ ја проверува физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со строгите перформансни критериуми на турнирот. Во рамки на тој процес, судиите се обврзани да достават две видео-снимки од т.н. „Мултистејџ фитнес тест“ – една осум недели и една четири недели пред шампионатот. Снимките ги анализира официјалниот фитнес-партнер на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro.

По доставувањето на материјалите од Николов и Начевски, кон крајот на декември ЕХФ добила информација дека видеата можеби не претставуваат целосен и автентичен запис од тестирањето. Поради сериозноста на сомнежите, федерацијата побарала дополнителна експертска анализа од Fitgood Pro, а целокупниот материјал бил проследен и до интегритетниот партнер на ЕХФ, Sportradar.

Спроведената детална анализа открила докази кои укажуваат на висока веројатност дека видео-снимките биле манипулирани, што отвори сериозни прашања околу нивната веродостојност“, објавија од ЕХФ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пред „Јане“ ќе има навивачка фан зона за враќањето на ЛШ во Скопје!

Ракометарите на Вардар в среда ги очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите…