Дома Фудбал Чудо какво што немало 117 години: Аматери од шеста лига елиминираа премиерлигаш во ФА Купот!

Чудо какво што немало 117 години: Аматери од шеста лига елиминираа премиерлигаш во ФА Купот!

Едно од најголемите изненадувања во последните сезони на ФА Купот се случи кога шестолигашот Маклсфилд на домашен терен го победи актуелниот освојувач на трофејот Кристал Палас со резултат 2:1, доживувајќи историска победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќините го отворија резултатот во 43. минута преку гол на Пол Довсон, кој се покажа снаодлив пред голот и на тој начин ги изненади гостите пред полувремето.

Во 60. минута, Исак Бали ја зголеми предноста откако се снајде во гужвата пред противничкиот гол, практично обезбедувајќи победа за тимот кој играат во шестата англиска фудбалска лига.

Кристал палас иако доминираше во поседот на топката и се обидуваше да ги создава своите шанси, успеа само во 90. минута преку Pin да намали на 2:1 и така барем малку да го ублажи поразот.

Претходниот пат кога некој аматерски тим успеал да го елиминира актуелниот освојувач на ФА Купот беше во 1909 годината по што беа потребни 117 години за сличен подвиг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: почина репрезентативец на Јужна Африка, учесник на Светското првенство 2026

Јужноафриканскиот репрезентативец Џејдoн Адамс почина само недели по неговото учество на С…