Дома Фудбал Maнчестер Сити даде десет гола во ФА Купот, блесна и Семењо! (Видео)

Maнчестер Сити даде десет гола во ФА Купот, блесна и Семењо! (Видео)

Во рамките на ФА Купот, Манчестер Сити го прегази нисколигашот Ексетер со резултат од 10:1, а меѓу стрелците се запиша и скапо платениот Антоан Семењо.

Првото полувреме заврши со убедливо водство од 4:0, од кои погодоците ги постигнаа Макс Алејна, Родри и два автоголови од Џејк Доил-Хејс и Џек Фицвотер.

Сити не запре во второто полувреме и продолжи да ја полни мрежата на Ексетер, зголемувајќи ја својата самодоверба пред продолжението на англиската Премиер лига.

Покрај тоа, головите за Граѓаните постигнаа и Рико Луис, споменатиот Антоан Семењо, Тијани Рејндерс, Нико О’Рајли и младиот Рајан МекАидо со својот деветти гол на натпреварот. Конечниот резултат го постави 19-годишниот Џорџ Бирч од Ексетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…