Дома Трансфер зона Миланско дерби за играчот на Арсенал

Миланско дерби за играчот на Арсенал

Месут Озил во последните сезони се мачи во Арсенал.

Германецот пристигна 2013. година од Реал Мадрид за 47 милиони евра, но не се покажа како што се очекуваше. Особено тоа беше видливо минатата сезона, но ова за 30-годишниот играч е уште полошо со оглед на тоа што настапи во само два натпревари.

Арсенал сака да се ослободи од Озил, тој нема никакви преголеми желби за напуштање на тимот со оглед на тоа што има најголема плата во овој клуб на неделно ниво 350,000 фунти. Најмногу се споменуваше Фенербахче како следна дестинација, а сега италијанскит „Calciomercato“ пишува дека Интер и Милан влегле во траката за играчот на Арсенал.

Двата клуба се заинтересирани, иако преголемата плата на Озил би можела да биде проблем и во јануари ќе се обидат да го доведат. Озил во Арсенал одигра вкупно 233 натпревари и постигна 43 гола, а договорот со лондонскиот клуб му истекува во 2021. година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони за Кулибали

Изгледа дека Манчестер Јунајтед конечно тргна да ги решава своите дефанзивни проблеми. Сол…