Дома Останати Авто Мото Мик Шумахер многу брзо може во Формула 1 и тоа место легендарниот Кими Раиконен?

Мик Шумахер многу брзо може во Формула 1 и тоа место легендарниот Кими Раиконен?

Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер наскоро би можел да добие шанса во Формула 1.

21 годишниот Мик во овој момент се натпреварува во Формула 2 за тимот на Перм Теодор Рејсинг и привлече големо внимание на тимовите од Ф1 па така минатата година потпиша договор со Ферари како возач во нивната академијата.

Меѓутоа, Мик шанса во Ф1 би можел да добие во Алфа Ромео и тоа место легендарниот Кими Раиконен. Тоа го потврди неговиот чичко Ралф.

„За него ова може да биде важна сезона во Формула 2 и ќе видиме како ќе се развива. Мислам дека му треба уште малку време. Мик има големи шанси да се најде во Ф1 во тимот на Алфа Ромео наредната сезона. Кими наскоро би требало да ја заврши кариерата, а Антонио Џиованци не е толку добар возач. Мислам дека Мик тука има своја шанса“, изјави Ралф Шумахер.

Од друга страна уште една легенда на Ф1, Ник Хидфилд смета дека Мик шанса во Ф1 може да добие уште оваа сезона.

„Не би ме изненадило ако тоа се случи, посебно ако направи добри работи во Формула 2. Не би се чудел ако на сред сезона дојде на местото на Џиованци“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Стигна потврда: Фернандо Алонсо се враќа во Формула 1!

Фернандо Алонсо се враќа во Формула 1 и ќе вози за Рено во 2021 година. 38 годишниот Алонс…