
Пoранешните играчи на младинскиот тим на Реал Мадрид, Андрес Гарсија, Феран Руиз и Хуан Родригез, се осудени на една година условна затворска казна поради снимање и дистрибуција на детска порнографија. Во истиот случај беше осомничен и сегашниот играч на првиот тим на Реал, Раул Асенсио, но тој беше ослободен од обвиненијата по завршување на судскиот процес.
Спомнатата тројка снимиле експлицитни материјали на несовесна малолетничка и ги дистрибуирале на други лица, без нејзина согласност. Овој настан се случил во јуни 2023 година, во угостителски капацитет на плажа на Канарските острови. Асенсио, кој денес е значаен играч на првиот тим на Реал Мадрид, не учествувал директно во чинот, но бил под сомнение дека ја споделувал содржината.
Малолетничката снимана од обвинетите тогаш имала 16 години. Големо олеснување на обвинетите беше нејзиното сведочење во судот, каде што изјави дека им простила. Шпанските обвинители бараа две и пол години затвор за Асенсио и четири години и седум месеци за останатите тројца.