
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, е исклучително задоволен од работата на клубот во летниот трансфер период.
„Имавме ИСКЛУЧИТЕЛЕН трансфер период! Многу сум среќен“, изјави шпанскиот стратег.
Енрике воедно им се заблагодари на фудбалерите кои го напуштија клубот, истакнувајќи дека тие имаат огромна заслуга за успехот на ПСЖ во изминатиот период.
„Играчите кои си заминаа беа МНОГУ ВАЖНИ во освојувањето на нашите трофеи и им посакувам СÈ НАЈДОБРО“, додаде Луис Енрике.
Со новите засилувања и задржувањето на клучните играчи, ПСЖ влегува со големи амбиции во новата сезона, а очекувањата повторно се високи – клубот да продолжи со освојување на трофеи и да биде конкурентен на сите фронтови.