
Летниот трансфер период во “лигите од пет најголеми” заврши, со последниот ден во вторник беше како во филм, додека во некои други лиги уште се чекаат повеќе движења, иако тешко дека ќе видиме нешто сензационално, како потенцијалното заминување на Ришарлисон во Трабзонспор.
Она што веднаш се забележува по 1 септември е дека многу големи фудбалски имиња сé уште немаат ангажман.
Меѓу слободните играчи, претежно се поранешни суперѕвезди, фудбалери во позрели години, но и такви кои поради нивниот имиџ и талент можат да бидат интересни за европските клубови. Сепак, многумина се поблиску до Саудиска Арабија или МЛС лигата.
На листата на слободни агенти се издвојуваат:
Карим Бензема (38) – Со договорна спогодба го раскина својот уговор со саудискиот Ал Хилал. Бензема дојде во Ал Хилал од Ал Итихад во февруари годинава, играјќи 16 натпревари за клубот од Ријад. Постигна 10 голови и запиша пет асистенции, заминувајќи по доаѓањето на Воткинс и Мартинели. Во неговата богата кариера играше за Лион и Реал Мадрид, освојувајќи сé што е мошножно со Реал. Бензема ја освои Златната топка во 2022 година, и сега се предвидува дека би останал во Саудиска Арабија, иако има отворен пат во МЛС лигата.
Давид Алаба (34) – По пет годишна кариера, овој извонреден дефанзивец (склон кон повреди) го напушти Реал Мадрид. Се шпекулираат дестинации како Катар, Саудиска Арабија и МЛС лигата, од кои најмногу се истакнува Интер Мајами.
Серхио Рамос (40) – Да, неговата кариера се уште не е завршена, а е без клуб од јануари кога заврши епизодата во мексиканскиот Монтереј.
Мауро Икарди (33) – Аргентинскиот контроверзен напаѓач бара нов клуб по истекот на договорот со Галатасарај. Наводно ја одби понудата од Лацио на Гатузо за финансиски услови, но враќање во Серија А би можело да биде реална опција.
Дани Карвахал (34) – Одличниот десен бек го напушти Реал Мадрид по 13 години во клубот и освојување на сите можни трофеи. Проблемите со повреди се најголемата препрека за него, но во своите редови го сакаат Валјекано, Леганес и Ал Наср. Ако избере една од првите две опции, би останал да живее во Мадрид, третата опција носи големи пари, па ќе видиме…
Џејдон Санчо (26) – Крило што се уште нема клуб по заминувањето од Манчестер Јунајтед. Враќањето во Борусија Дортмунд не се реализираше, а последните информации го водат кон Бразил, каде е заинтересиран Палмеирас.
Ренато Санчез (29) – Пред точно 10 години тој беше надарен везен играч во светот и играше одлично на Европското првенство во Франција, освојувајќи титула со само 19 години. Се предвидуваше голема кариера, Баерн го купи од Бенфика, но неговата способност никогаш не се претвори во очекуваното. Промени многу клубови, а повторно блесна во Лил со кој во 2021 година ја освои Лигата 1, а потоа Пари Сен Жермен го купи во 2022 година. Сепак, сé беше краткотрајно. Пред некој ден се извести дека Ренато Санчез и Пари Сен Жермен официјално ја прекинале соработката, со што овој искуствен Португалец стана слободен играч. Минатата сезона ја помина на позајмица во Панатинаикос и сега останува да се види кој ќе покаже интерес за него и дали ќе постои клуб што може да ја оживее неговата кариера?
Рахим Стерлинг (31) – Некогашната голема ѕвезда на Премиер лигата е без ангажман по ужасната епизода во Фејенорд. Минатата сезона настапи само на осум натпревари во Ередивизија и не постигна гол, па така за сега нема конретни најави за негов нов клуб. Започна да ги полни таблоидите во последно време, и прашање е дали некој сака да го “оживее” овој крилен напаѓач.
Филип Кутињо (34) – Каков талент беше и продолжува да биде но, каде и да играше остана недори. Интер, Ливерпул, Барселона, Бајерн, Астон Вила… Игреше во сите овие клубови, а сега е без тим по истекот на договорот со Васко да Гама.
Џорџинјо Вајналдум (35) – Холандскиот везист ова лето реши да ја прекине соработката со Ал Етифак од Саудиска Арабија и бара нов клуб. Вистина, Вајналдум отстапи од својот сериозен фудбал и од формата која го доведе до ПСЖ од Ливерпул летото 2021. Се шпекулира дека може да заврши во Челзи.
Пол Погба (33) – Иако имаше договор до јуни 2027 година, летово беше одредено дека некогаш еден од најдобрите го напушти Монако. Минатата сезона Погба одигра само 105 минути за Монако, првиот натпревар го одигра во ноември по две години, но серијата на повреди влијаеше да го напушти клубот. Ќе му биде тешко да најде нов клуб, поради претходните проблеми и наведените повреди.