Нов пораз на крајот од оваа календарска година за актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје.
Задар во рамки на АБА регионалната лига им нанесе на Аеродромци нов пораз од 105.80.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Уште во првиот дел беше јасно дека Задар цели кон триумф кој го градеше максимално добро во текот на целиот меч. МЗТ немаше решение за одличниот напад на хрватскиот тим, а за тоа говореа и 38те постигнати поени зад името на Џошуа Бостик.
На полувремето резултатот беше 55:41, а во еден момент во продлжението разликата изнесуваше и 18 поени.
Кај Аеородромци најрасположен беше Минчев со постигнати 17 поени на овој меч.