Дома Фудбал Лига на шампиони Меси херој на ПСЖ, Интер го најде лекот за Шериф 🎥

Меси херој на ПСЖ, Интер го најде лекот за Шериф 🎥

Вечерва се играа натпревари од третото коло во Лигата на шампионите.

Интер го најде лекот за молдавскиот Шериф Тираспол. Тимот на Бобан Николов беше вистинска сензација откако во првите две кола ги победи Шахтјор и Реал Мадрид. Интер вечерва славеше победа со 3:1. Од самиот старт „нероаѕурите“ ја наметнаа својата игра, резултатот го отвори Џеко после нешто повеќе од половина час.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Себастијен Тил, човекот кој во минатото коло го сруши Реал Мадрид во 52. минута мајсторски од слободен удар погоди за 1:1. Сепак, само пет минути подоцна Интер го врати водството и тоа преку Видал. Де Фрај во 67. минута се погрижи за конечните 3:1. Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов ги одигра последните 15 минути од натпреварот.

Одличен натпревар се играше и во Париз помеѓу ПСЖ и Лајпциг, а конечно Меси заблеска во вистинско светло. Килијан Мбапе го отвори резултатот после само девет минути игра. Лајпциг се врати во игра во 28. кога Андре Силва ја затресе мрежата на „светците.

Вистински шок следуваше за ПСЖ во вториот дел кога Мукиеле погоди за целосен пресврт. Сепак, до крајот на натпреварот Меси стапи на сцена за бодовите да останат во Париз. Прво во 67. минута изедначи, за седум минути подоцна од пенал да стрела за 3:2.

Реал Мадрид вечерва не дозволи никакви изненадувања и со убедливи 0:5 го победи Шахтјор. До водство „кралевите“ стигнаа во 37. минута преку автоголот на Кристов, додека за убедлива победа се погрижија Винисиус Жуниор (два гола) Родриго и Бензема во вториот дел.

Ајакс ја декласираше Борусија Дортмунд со 4:0. Головите ги постигнаа Блинд, Ентони, Халер, а еден беше автогол на Ројс.

За останатите натпревари повеќе – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…