Лионел Меси го сподели разочарувањето од односот на медиумите во Аргентина кон него.
Аргентинските медиуми долго време го критикуваа Меси за игрите во националниот тим се до ова лето додека Аргенина не триумфираше на Копа Америка.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Некои новинари ме третираа како промашување и сметаа дека не заслужувам да го носам дресот на Аргентина. Ниту претходни бевме најслаби, ниту сега сме најдобрите“, изјави Меси.
„Кога ја освоивме Копа Америка не можев да поверувам. Толку долго сонував за тоа, па не бев свесен што се случува. Искрено речено, сега повеќе се насладувам на триумфот, бидејќи веќе помина извесно време“, додаде капитенот на националниот тим.